Нова кариера во сликарството? Шерон Стоун откри неверојатен талент за сликање во карантин :)))

2 април, 20200
Sharon-Stone

Познатата актерка веројатно има многу таленти, но во сликарството откри неверојатен талент со кој би можела да има одлична кариера!

Многу познати личности споделија фотографии од нивните интереси во изолација преку социјалните мрежи.

Некои ги подобруваат постојните таленти, други уживаат во непрочитани книги, а трети откриваат нови таленти.

Во оваа последна група е познатата актерка Шерон Стоун.

Шерон сподели на Инстаграм неколку фотографии од нејзиниот домашен карантин каде ги поминува деновите со своите деца, ужива во слободното време, но и открива нови таленти.

Последниве денови, познатата американска актерка сподели со нас неколку моменти од домашната изолација, едниот од нив е апел да не ги напуштаме нашите домови, вториот е домашно селфи без шминка, а третиот е фотографија од нејзиниот цртеж, кој е прекрасен!

Откривте ли вие некој нов талент сега во оваа ситуација кога сме оставени сами на себе или само планирате да пробате нешто?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *