НОВИ СОЗНАНИЈА ВО СЛУЧАЈОТ КОЈ ШТО 13 ГОДИНИ ЈА ТРЕСЕ ЦЕЛАТА ПЛАНЕТА: Германец уапсен за исчезнување на малата Медлин

4 јуни, 20200
dete

Британската полиција откри информација за нов осомничен кој е поврзан со исчезнувањето на Медлин Мекен.

Станува збор за Германец (43), кој во 2007 година, во моментот на исчезнување на малата Мадлен, живеел на фарма на три километри од станбениот комплекс во португалскиот град Праја да Луз во Алгарве.

Тој исчезна од тој имот една година пред исчезнувањето на Медлин, но полицијата верува дека тој останал во близина.

Тој е белец,слаб, висок околу 180 см,  со кратка руса коса.

Детективи пронајдоа кампер приколка, за кој веруваат дека тој ја користел и судската медицина го испитува за дополнителни материјали.

Истиот, во моментов издржува долга казна во еден германски затвор, каде е осомничен и за други злосторства.

Да ве потсетиме, тогаш тригодишната Меди исчезна од стан во одморалиште во Португалија на 3.05.2007 година. Истрагата за нејзиното исчезнување е една од најобемните и најскапите во поновата историја. И покрај огромните средства и големиот број на детективи кои со години работеле на случајот, девојчето сè уште не е пронајдено, ниту е јасно што точно се случило тој ден во одморалиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi