Новиот податок за коронавирусот ги исплаши научниците! Еве на која температура успеа да преживее!

25 април, 20200
корона

Загриженоста за брзото ширење на коронавирусот е присутна во целиот свет. Иако до сега се сметаше дека перењето на облеката може да го убие вирусот, новото истражување покажува дека не е така.

Во ова истражување вирусот преживеал и на температура од 92 степени! Научниците користеле клетки на заболен со коронавирус во Берлин за да ја тестираат средината во која вирусот може да преживее.

Ниту медицинската опрема не е сигурна

Како дел од еден тест научниците полека загревале клетки на 60 степени. Резултатите покажале дека вирусот може да преживее и да се размножи на оваа температура во нестерилна средина. Потоа температурата ја подигнале на 92 степени и откриле дека на оваа температура вирусот може да преживее до 15 минути.

Овие резултати ги загрижило научниците и во врска со медицинската опрема која обично се загрева на 60 степени заради дезинфекција, но очигледно тоа не е доволно.

Ќе переме со дополнителен избелувач

Во меѓувреме, наодите покажуваат дека дури и перењето на висока температура можеби не е доволно за да се убие вирусот доколку се наоѓа на вашата облека. Тоа значи дека можеби ќе треба да ја перете облеката на највисоката температура со дополнително додавање на избелувач за да се сведе ризикот од пренесување на вирусот на минимум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi