Ново откритие на научниците: Имунитетот на вирусот корона е веројатно поголем отколку што покажуваат тестовите!

1 јули, 20200
novo otkritie

Новата студија на шведскиот институт Каролинска и Универзитетската болница Каролинска покажува дека многу луѓе со благи или асимптоматски случаи на корона вирусот имаат имунитет со посредство на Т-клетки, дури и ако не се тестираат позитивно.

Според истражувачите, тоа значи дека човечкиот имунитет е веројатно поголем отколку што е прикажано со тестовите за антитела.

Истражувачите анализирале имунолошки примероци на повеќе од 200 луѓе, од кои многумина имале лесни или никакви симптоми. Студијата опфатила пациенти од универзитетската болница Каролинска и други пациенти, како и нивните асимптоматски семејства. Покрај тоа, вклучени биле и здрави донатори на крв од периодот од 2019 и 2020 година.

  • Т-клетките се еден вид бели крвни клетки кои се специјализирани за препознавање на клетки заразени со вирусот и се суштински дел на имунолошкиот систем, вели Маркус Бургет, доцент на Центарот за инфективна медицина на Институтот Каролина и еден од главните автори на овој научен труд.

Тој додава дека напредните анализи им овозможиле детално да се утврди одговорот на Т-клетките за време и по инфекцијата со КОВИД-19.

  • Нашите резултати покажаа дека приближно двојно повеќе луѓе развиле имунитет на Т-клетки во споредба со оние кај кои можеме да откриеме антитела. Сега е неопходно да се извршат поголеми и подетални тестови и на Т-клетки и на антитела за да се утврди колку е траен имунитетот и до кој степен се поврзани овие компоненти на корона вирусниот имунитет.

Истражувачите додадоа дека пациентите со тешка клиничка слика развиле силен имунолошки одговор.

  • Нашите резултати покажуваат дека имунитетот на јавноста кон КОВИД-19 е веројатно значително повисок отколку што е прикажано со тестовите за антитела. Ова е многу добра вест од јавното здравство, вели професорот Ханс-Густаф Лунгрен од Центарот за инфективна медицина.

Резултатите од ова последно истражување сè уште не ја поминале стручната верификација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi