Објавено е видео од кражбата на сликата на познатиот уметник Ван Гог

23 април, 20200
van gog

Сликата „Пролетната градина“ на Винсент Ван Гог беше украдена на 30 март од музејот „Сингер Ларен“ во Холандија, а сега е објавена снимка од безбедносните камери што го снимилет настанот.

Холандското шоу кое се занимава со кривични дела од реалниот живот објави видео на кое се гледа крадец како ја крши стаклена врата од музејот во раните утрински часови на 30 март.

Подоцна се гледа како трча низ продавница за сувенири со драгоцената слика на Ван Гог во едната рака и чекан во другата.

Полицијата се надева дека јавното прикажување на оваа снимка ќе помогне во лоцирањето на крадецот кој ја украл сликата од музејот.

Досега никој не е уапсен, а сликата која била позајмена од музејот Гронингер сѐ уште не е најдена.

Од полицијата велат дека снимките придонеле за масовно јавување на луѓето и додаваат дека не се сигурни дали крадецот бил сам или имал помош, бидејќи белото комбе пред музејот е јасно видливо.

Директорот на музејот Еверт Ван Ос вели дека објавените снимки не го прикажуваат целиот тек на грабежот и штетата што ја нанел крадецот. „Крадецот провали неколку врати и минал низ неколку нивоа на заштита во музејот“, рече Ван Ос, додавајќи дека објавената снимка не дава реална слика за безбедносните мерки преземени од музејот за заштита на вредните уметнички дела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi