Отруен е најголемиот противник на Путин? Тврдат дека му бил ставен отров во неговиот чај, тој е во тешка состојба

20 август, 20200
aleksej

Неговата соработничка ја објасни ситуацијата на Твитер

Авионот, со кој рускиот опозициски лидер Алексеј Навални леташе од Томск кон Москва, итно слета во Омск, затоа што на Навални му се слошило, изјави портпаролот на Фондот за борба против корупцијата, Кира Јармиш.

Таа потсети дека Навални исто така бил отруен пред една година кога бил во притвор, како што тврди Фондот за борба против корупцијата, пишува Спутник.

– Претпоставуваме дека го труеле Алексеј со нешто што го истуриле во чајот. Ова беше единствената работа што ја испи ова утро. Лекарите велат дека отровот се апсорбирал побрзо преку врелата течност – истакна Јармиќ.

Тој бил поврзан со респиратор, а тој сè уште е во несвест, додаде Јармишева и истакна дека ја повикале полицијата во болница.

Главниот лекар на болницата во Омск, Александар Мураховски, за Спутник изјави дека Навални е на интензивна нега и дека неговата состојба е сериозна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi