Ова е моментот кога луѓето се НАЈЗАРАЗНИ, кога ќе започне, не им се пишува ДОБРО!

11 јуни, 20200
zaraza

Водечкиот експерт на Светската здравствена организација (СЗО), Марија Ван Керков, се обиде да ги разјасни „недоразбирањата“, кои се појавија по вчерашната информација дека луѓето кои се позитивни COVID-19 и немаат никакви симптоми, ретко може да бидат носители на болеста, велејќи дека тоа се однесува на на само неколку спроведени студии, а тоа не е заклучок на сите истражувања.

Нејзините коментари вчера предизвикаа забуна и многу прашања кај експертите и здравствените лица кои препорачуваат, а на некои места и бараат, луѓето да носат маски, за да се спречи ширењето на вирусот.

Ван Керков појасни дека некои луѓе не развиваат симптоми, но дека сè уште можат да ја пренесат инфекцијата.

„Од многу ограничените информации што ги имаме сега, се чини дека луѓето имаат најголема количина на вирус во организмот непосредно пред почетокот на симптомите или кога ќе започнат да ги развиваат“, рече Марија Ван Керков, епидемиолог од СЗО.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се позитивни за вирусот на корона се најинфективни – заразни кога ќе започнат да се чувствуваат лошо, велат експертите на СЗО, додавајќи дека бидејќи тие станале најзаразни непосредно пред првите симптоми, тешко е да се контролира вирусот што го предизвикува COVID-19, но можно е да се спречи ширењето со ригорозно тестирање и физичко дистанцирање.

Прелиминарните студии спроведени во Германија и САД покажуваат дека луѓето со благи симптоми можат да бидат заразни осум до девет дена, а оние со потешки симптоми многу подолго, додаде Ван Керков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi