Ова е островот на стравот: Сликите од дрон покажуваат масовни гробници за жртвите од корона вирусот!

10 април, 20200
ostrov

Беспилотното летало снимило работници во заштитни костуми како спуштаат мртовечки сандуци во масовна гробница во градот Њујорк, каде расте бројот на починати како последица од корона вирусот.

На снимката се прикажани работниците како користат скали за да спуштат во голема јама на островот Харт, каде ги положуваат мртовечките сандаци.

Островот Харт бил користен пред повеќе од 150 години за да се погребаат граѓани кои немаат роднини или чии семејства не можеле да си дозволат да го организираат погребот.

Како што наведува Би-Би-Си, можно е дека станува збор за мртовечки сандаци на жртвите на  корона вирусот, иако тоа сè уште не е јасно потврдено.

Според најновите податоци, во Њујорк се забележани најголем број на заболени од вирусот корона, во однос на било која друга сојузна држава во САД.

Во четвртокот, бројот на заразени лица во Њујорк се зголеми за 10.000 и во моментов изнесува 159.937, додека 7.000 се починати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *