Планетата не се загрева: На Земјата за многу кратко време ќе започне новa леденa доба !

29 јули, 2020
ledena doba

Јапонскиот научник Масајуки Икеда, кој предава предавања за истражување на вселената во врска со нашата планета на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот во Токио, тврди дека нè чека „ново ледено доба“ за само сто години.

Икеда е главен автор на една студија за влијанието на монсунот врз климата и развојот на диносаурусите пред 10 милиони години.

Тој и другите автори на студијата се потпираат на теоријата на Милутин Миланковиќ за флуктуации на количината на сончева светлина и зрачење на Земјата во текот на долг временски период, што е предизвикано од промена во аголот на оската на Земјата во однос на рамнината на нејзината орбита.

Икеда и неговите соработници – кои тврдат дека ледено доба ќе се случи за еден век, „со плус / минус корекција во зависност од емисијата на јаглерод диоксид на човекот“ – особено потенцираат:

„Веројатно доаѓа епоха, која ќе трае во наредните 10 милиони години, што ќе биде поволно време за живи видови кои се прилагодени на влажна и постудена клима“ – рече тој.


Во студијата на Икеда и неговите колеги, земени се предвид концентрацијата на јаглерод диоксид, промена во „аголот на наклон“ и одредено ладење на климата на Земјата.

Покажано е дека намалувањето на концентрацијата на јаглерод диоксид пред околу 212 милиони години, придружено со силни монсуни – во Тријас – довело до зголемување на големината на диносаурусите и нивно ширење низ целата планета.


Во септември 2019 година, меѓународен тим на научници заклучи дека една од најголемите катастрофи во историјата на Земјата – глобалното ледено доба – е предизвикана од судирот на двете големи астероиди помеѓу орбитите на Марс и Јупитер.