Почина малиот борец кој се роди без половина череп…

9 април, 20200
cerep

Џексон, детето кое се роди без половина череп, почина на петгодишна возраст. Веста за медиумите ја потврдија родителите на Џексон.

„Џексон почина во мир, во моите раце. Тој и во последните моменти од животот беше опкружен со семејството и знаеше дека е сакан и доби многу бакнежи и прегратки”, кажа неговиот татко.

Таткото потврди дека смртта на малото дете нема никаква врска со сегашната пандемија на корона вирусот.

„Знаевме дека ова ќе се случи, но не знаевме кога“, кажа тој.

Малото е родено во август 2014 година и додека сè уште било во стомакот на мајка си, лекарите му дале мала шанса за живот. Мислеле дека нема да го преживее ниту вториот роденден.

Неговите родители сакале да го задржат и покрај лошите прогнози, а Џексон се борел до самиот крај. Кога неговата приказна излезе во јавноста тој го добил прекарот „Борецот Џексон“ и станал инспирација за милиони луѓе. Исто така го нарекоа медицинско чудо, бидејќи 80% од неговиот мозок недостасувал како резултат на ретка болест позната како „микрохидрансцефалија”.

Тој не можел ниту да зборува ниту да оди.

„Горд сум на мојот син. Многу ќе ми недостасува“, заклучи неговиот татко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi