ПОСЛЕ КОРОНА ВО БЛИСКА ИДНИНА НЀ ОЧЕКУВА ДРУГА ПАНДЕМИЈА: Црна прогноза на познатите научници!

1 септември, 2020
druga pandemija

Научникот кој учествуваше во правње на оксвордската вакцина против короната вели дека во блиска иднина ќе не „мачат“ повеќе вируси покрај короната, т.е. дека ќе има повеќе пандемии!

Професорката Сара Гилберт, вакцинолог од институтот Џенер во Оксфорд, вели дека е се поголем растот на глобалното патување и населението повлекува ризик од појава на зоонозни инфекции, односно вируси што се пренесуваат од животни на луѓе.

Таа вели дека пандемијата на корона вирусот покажала колку меѓународните патувања го забрзуваат ширењето на вирусот, што е тешко да се искорени на места со голема популација.

Гилберт вели дека болестите што се пренесуваат од животни стануваат сè почести поради зголеменото размножување и сечење на шумите, поради што животните се блиску едни до други, но и поблиску до луѓето!

Иако потеклото на вирусот корона сè уште се истражува, засега, научниците се согласуваат дека најверојатно тој преминал од лилјак на друго животно, а потоа и на луѓето.

„Со оглед на тоа како функционираат работите во светот, во блиска иднина можеме да очекуваме повеќе епидемии на зоонозни инфекции“, смета научникот, а таа црна прогноза ја објаснува со поголема густина на населението во земјите, зголемено глобално патување и уништување на шумите.

Досега во светот починаа околу 850 000 луѓе од вирусот корона, а повеќе од 25 милиони се заразени.