Потенцијална вакцина за Коронавирусот финансирана од Бил Гејтс е подготвена за тестирање на луѓе, првиот пациент очекува да ја добие денеска

10 април, 20200
Vakcina protiv korona

Мала биотек компанија од Пенсилванија планира да почне со инјектирање здрави волонтери со потенцијална Коронавирус вакцина оваа недела, откако го добија одобрението за започнување клинички тестирања.

Истражувачите планираат првата доза да биде во понеделник. Експерименталната вакцина е развиена од страна на Иновио Фармација, а процесот е финансиран од Бил и Мелинда Гејтс Фондацијата и Коалицијата за Епидемиолошка Подготвеност и Иновативност.

Вакцината на Иновио, наречена INO-4800, е втората потенцијална коронавирус вакцина која има започнато пробни тестирања на луѓе во САД. Биотек Модерна од Масачусетс ги започна своите тестирања средината на март.

За истражувањето на вакцината на Иновио, компанијата ќе вклучи 40 здрави возрасни учесници од Филаделфија, Медицинскиот Универзитет од Пенсилванија и од Канзас, Мисури, во Центарот за Пармацевски истражувања.

Секој волонтер ќе добие две дози од вакцината, на четири недели раздалеченост. Иновио очекува безбедни резултати до крајот на летото. Ако резултатите се позитивни, компанијата ќе започне со уште едно истражување фокусирано на проценување на моќта на вакцината врз вирусот.

Земјаќи ја во предвид глобалната побарувачка, секоја вакцина што ќе се докаже дека е безбедна и ефективна ќе се соочи со голем предизвик на производство.

Иновио изјави дека ја има мерено способноста за производство и проценува дека ќе има 1 милион вакцини достапни до крај на 2020, кои можат да бидат искористени за додатни истражувања или за итни случаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi