Познатата актерка умре од Корона: Хилари живееше само 7 дена од тестирањето ☹

12 април, 2020
Hilari Hit 1

Хилари Хит (Дајер) почина од корона вирусот на 75-годишна возраст.

Британска актерка позната по улогата во „Оркански височини“ почина една недела откако беше позитивна на вирусот. Нејзиниот внук Алекс Вилијамс ја објави тажната вест на Фејсбук.

„Ја изгубивме нашата прекрасена Хилари минатата недела. Таа имаше многу кариери. Беше  филмска и театарска актерка од 1960 до 1970 година, а потоа и продуцент во 1990-тите. Таа работеше на филмови со Хју Грант, Ален Рикман и Гери Олдман. Нејзиниот најголем успех била дипломата што таа ја доби од Оксфорд во областа на психологијата. Таа работеше со пациенти ширум светот, честопати бесплатно, да им помогне да ги пребродат нивните маки и своите стресни животи во ред. Таа беше поголема од животот и многу ми е тешко што ја изгубив“, изјави Алекс Вилијамс.

Нека почива во мир… ☹