Познатиот животен тренер Тони Робинс со моќна порака за сите: еве зошто не треба да се плашиме од коронавирус!

14 април, 20200
zivot

Еден од најпознатите животни тренери на светот, Тони Робинс, на својот официјален блог и веб страна објавил текст и јасна порака по повод пандемијата од коронавирус.

Неговата порака носи многу надеж, верба и охрабрување и ни помага да се ослободиме од токсичниот страв:

“Проживеав периоди на огромни промени и немири во светот, во разни историски моменти, кога никој не можеше да предвиди што ќе се случува понатаму.

Но нивото на страв и несигурност кои ги чувствуваме во моментов се без преседан. Го гледам тоа на лицето на луѓето, го слушам во нивниот глас, а сега сите сме во своите домови, малку сме поврзани едни со други, го гледам тоа на социјалните мрежи. Се плашиме од повреди, се плашиме од економијата, се плашиме да не не сме во можност да ги контролираме работите, сега дури се плашиме и едни од други.

Немојте погрешно да ме разберете, стравот е природен човечки инстинкт. Тоа е нашиот мозок кој е создаден да се заштити себеси во моментот, за да преживее. Тој секогаш го бара она што не е во ред, за да можете да бегате од закана. Но ако го правите тоа секој пат кога се плашите, вечно ќе се расправате, бегате, застанувате и ќе го ставате својот живот на чекање. А тоа не е начин да живееме.

Гледајте, секој ден се возиме на автопат и само жолтата линија не дели од автомобилите кои доаѓаат кон нас со голема брзина. Знаете дека секој ден некој ја поминува таа линија и дека секој ден заради тоа некој го губи животот.

А исто така знаете дека одреден процент на тие возачи се пијани. Некои пишуваат пораки на телефон. Некои заспиваат. Тоа се факти. Тоа се случува секојдневно низ целиот свет, вушност, 1,4 милиони луѓе ширум светот годишно умираат во сообраќајна несреќа. Тоа се 3200 луѓе дневно.

Сепак, ние и понатаму влегуваме во автомобилите и се возиме. Зошто? Заради зборот кој е 100 пати посилен од стравот- Верба!

Вербата не е научена, тоа е нешто со што се раѓаме. Вербата е она што не поттикнува во време на страв и неизвесност. Помоќна е од било која друга емоција, дури и од стравот. Кога целиот пекол ќе се распадне, таа ни дава можност да го пронајдеме својот центар, да си помогнеме себе, да им помогнеме на другите, да ги пронајдеме одговорите, да најдеме поголемо значење среде нашата болка и покрај стравот. А ако сте лидер, земете ја таа сигурност и префрлете ја на друг, бидејќи човечкото убедување има вирусен ефект и ќе се шири. Донесете непоколеблива сигурност во хаотичното опкружување со силата на вашата верба.

Вербата е сознание дека во суштина сме посилни од се со што некогаш ќе се соочиме и можеме да се носиме со она што ни го сервира животот. Секогаш имаме и секогаш ќе имаме верба. Таа е силата на човечкиот род.

Човечките суштества се разликуваат од другите видови по тоа што имаме можност да го контролираме своето однесување, да тренираме да бидеме емоционално “фит” и да создаваме внатрешна сила, психологија на отпорност. Еден неуспех не значи дека треба да престанеме да се обидуваме. Кај животните тоа го нема! Секој кој некогаш тренирал куче тоа добро го знае. Ќе доживеат еден, можеби два неуспеха,  но ќе ја научат лекцијата, нема да се обидат повторно. Ние сме спротивно: ние сме поголеми оптимисти. Не успеваме, а потоа се обидуваме повторно.

Погледнете ги некои од најуспешните светски компании денес. Поголемиот дел од нивните основачи имаат доживеано огромен неуспех- многу пати пред да станат успешни. Размислете за некои најсреќни, најповрзани парови што ги познавате. Големи се шансите дека секој од нив има доживеано неуспех во врски во минатото, но дали се откажале? Не. Учеле, се прилагодувале, пораснале и започнале од почеток.

Преубав човеков дар е тоа што сме отпорни како вид. По природа сме прилагодливи. Ова нема да биде единствената криза која овој свет некогаш ќе ја пројде, и ова нема да биде единствената криза која некој од нас ќе ја помине. Луѓето не се оформуваат во време кога работите одат добро; животот на луѓето се обликува во најтешките времиња!”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi