ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД НАУЧНИК: Астероид може да ја погоди Земјата на 2 ноември, еве какви се ПОСЛЕДИЦИТЕ за човештвото

25 август, 2020
asteroid

Оваа година секако не беше добра. Всушност, повеќето луѓе би сакале да ја заборават. Пандемија, немири, протести, пожари … Сега и астероид доаѓа кон нас, но, за среќа, нема место за паника.

Само уште астероид ни фалеше. Некои дури може да речат дека вселенскиот камен е знак од небото, имајќи предвид дека ќе стигне до нас еден ден пред претседателските избори во САД.

Објектот 2018VP1 ќе се приближи до Земјата на 2 ноември, наведува НАСА, која го следи веќе две години.

Астероидот ќе помине многу близу, поточно на оддалеченост од 4.994 километри. Исто така, постои многу мала шанса од 0,41 проценти дека ќе ја погоди нашата планета.

Астероидот што се приближува е многу мал – со дијаметар околу два метра, па дури и ако влезе во Земјината атмосфера, нема шанси тој да стигне до земјата.

На пример, астероидот што ги истребувал диносаурусите бил со дијаметар од најмалку десет километри, откако пробил низ атмосферата во која изгубил одредена маса.

НАСА посочува дека според сите досегашни согледувања, нема причина да се грижиме.

escort - Korsan taksi