Прва жртва во кралската фамилија. Почина првата принцеза од корона во светот

31 март, 20200
Maria Tereza 3

Шпанската принцеза Мариа Тереза починала во петокот на 87 годишна возраст, како последица на заболување од корона вирусот. Мариа е првата принцеза која е жртва на пандемијата. Тажната вест ја објавил нејзиниот брат принцот Хенри С. (79).

Мариа Терза се родила во 1933 година како ќерка на принцот Хавиер и неговата жена Меделин де Бурбон. Таа не се омажила, ниту имала деца. Својот живот го поминала во Мадрид.

Пред неколку дека и британскиот принц Чарлс (71), објави дека е позитивен на вирусот.

Кралската куќа објави дека принцот има благи симптоми на вирусот, но генерално се чувствува добро и работи од дома. Неговата сопруга Камила (72) се тестирала и резултатот бил негативен. Двајцата се изолирани во дворецот Балморал во Шкотска.

Чарлс се одлучил да се тестира поради тоа што бил во контакт со монашкиот принц Алберт кој објавил дека е позитивен на Ковид 19.

Пред неколку дена еден од вработените на кралицата Елизабета II (93) исто така бил позитивен на направениот тест за корона вирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *