Птица собори американска ракета: Граната се движеше кон целта и тогаш се случи комедија (ВИДЕО)

30 април, 2020
granata

Познато е дека птиците можат да бидат причина за авионски несреќи, но досега не се случило да соборат ракета. Тоа се случи за прв пат во Полска.
На социјалните мрежи е објавено видео од војниот полигон во Полска, каде Американците вежбаат пукање со тенкови. На видеото е прикажано борбеното возило „М2А2 Бредли“ насочено кон тенк кој се користел како цел.
Низ нишанот се гледа дека граната се движи директно кон целта. И тогаш се случува нешто необично. Во кадарот има живо суштество кое лета, веројатно птица, можеби патка. Граната ја удира и доаѓа до експлозија. На крајот може да се види дека ракетата не стигнала до тенкот.