Расте бројот на заразени во светот од корона вирус, во Индија 10 000 новозаразени во еден ден!!!

5 јуни, 20200
корона заразени

Во светот се регистрирани 6 704 721 лицa заразени од корона вирусот, 39 257 починати, а 3 252 933 оздравени.

Во Мексико е забележан рекорден број на новозаболени, односно во последните 24 часа потврдени се  4 422 нови случаеви, а починале 816 лица. Со тоа вкупниот број на заразени во Мексико е 105 680, смртни случаеви 12 454. По бројот на смртност Мексико се наоѓа на 7 место во светот.

Здраствените експерти укажуваат дека Латинска Америка сега е една од жариштата на пандемијата на корона вирусот, а претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор оценил дека поради пандемијата се создава, како што тој ја нарекол, психоза.

Во Индија во последните 24 часа потврдени се уште 9 851 сличаи на корона вирус, што е рекорден број на новозаразени од почетокот на пандемијата и со тоа вкупниот број на заразени е 226 770.

Во четвртокот имало 9 304 нови случаи, а во средата 8 909. Според овие бројки Индија се наоѓа на седмото место во светот според бројот на заразени.

Бројот на починати во оваа земја е  6 348 лица.

Индиската влада најавила дека рестиктивните мерки воведени за сузбивање на корона вирусот останува до 30 јуни во делови на државата каде расте бројот на заразени, додека во останатиот дел од државата од 8 јуни ќе започне нивно укинување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi