Решена е мистеријата. Зошто југот на Италија е отпорен на корона вирусот! Експертите наведуваат 3 фактори, но еден е клучен!

17 април, 20200
2201425_w-56029675_ls

Откако епидемијата на корона вирус направи вистински масакр во најбогатата провинција во Италија, Ломбардија, на северот, многумина стравуваа дека рамнотежата на пандемијата во сиромашниот југ ќе биде полоша, но се случи спротивното, меѓу другото, според некои експерти кои се подготвувале на време, но и заради начинот на живот на југ.

И покрај фактот дека здравствените установи на југ се помалку опремени, посиромашни и помалку добро организирани, ширењето на корона вирус во јужните италијански региони и на југ во целина, е под контрола уште од почетокот и досега бројот на заразени и починати е многу помал.

Експертите велат дека среќата нема никаква врска со тоа.

Првата причина е скоро очигледна: регионот Кампанија имаше можност однапред да преземе мерки за затварање, бидејќи вирусот дојде подоцна во однос на северните региони.

Експертите обрнуваат внимание на два други фактори кои се клучни во успешната војна против „чудовиштето“.

Една од нив е вештина на лекарите од oвој регион: Нивниот професионализам и извонредната способност да се прилагодат на тешките ситуации беа фундаментални.

Тука лекарите се принудени скоро секој ден (а не само за време на корона вирусот) да работат во тешки и небезбедни услови, да се справат со постојаното недостасување на болнички кревети и чести напади на роднините на пациентите врз лекарите.

Итна работа е скоро нормална во болниците во Кампанија. Ова искуство му овозможи на јужниот медицински персонал да не клекнува пред пандемија, правилно да организира пристап до брза помош и совршено да управува со недостаток на болнички кревети.

Постои уште едно објаснување зошто бројот на смртни случаи од корона вирус на југот е многу мал: Тоа е солидна семејна врска која за разлика од северот, тука опстојува.

Во Кампанија, старите лица ретко се сместени во домови .

Родители, баби и дедовци продолжуваат да живеат со своите деца и внуци. Ова го спречи масакрот кај постарите лица, што се случи во старечки домови во другите делови на Италија.

Комбинацијата на три фактори ја доближува Кампанија до победата, се вели во извештаите на медиумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *