Русите прават комбинирана вакцина: И корона и грип

27 август, 2020
3885742505f2d550cc69e2402926251_v4 big


Руските научници подготвуваат уникатна вакцина која ќе заштити и од грипот и од коронавирусот во исто време, изјави генералниот директор на Националниот центар за медицински истражувања „Алмазов“, Евгениј Шлахто.

Според него, како што пренесува Спутник, неколку групи научници работат на тој проект. „Тоа ќе биде комбинирана вакцина. Ќе содржи компоненти што ќе овозможат формирање на имунитет на грипот и коронавирусот“, рече Шлахто за телевизијата Рен.

Дали оздравените корона-пациенти се имуни? | Панорама | DW | 15.04.2020

Покажано е дека вакцината е во почетна фаза на развој, дека тестирањето на животни е претстојно и цела низа клинички тестови. Во исто време, веќе се евидентирани позитивни резултати, јавува телевизијата „Рен“. Треба да се потсетиме дека на 11 август Русија беше прва во светот што регистрираше вакцина против коронавирус. Вакцината е направена од центарот „Гамалеј“ и Министерството за одбрана на Русија.