Руските доктори дадоа нови информации – вакцината ќе биде инјектирана во десното рамо, одредено е и кога ќе пристигне

17 мај, 2020
вакцина

Вакцината против коронавирус би можела да биде регистрирана во Русија во август, најави директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, Александар Гунцбург.

– Верувам дека би можеле да ја регистрираме вакцината на крајот на летото. Тоа би можело да биде во август, ако сè оди според планот и нема изненадувања – рече Гунцбург.

Истражувањето во моментов е во фаза на предклиничко испитување кое би можело да потрае уште еден месец.

Според Гунцбург, вакцината ќе биде инјектирана на десното рамо, но не сите Руси ќе можат да ја примат во исто време.