Се плашев да одам! Икер Касиљас открил низ каков пекол поминувал по срцевиот удар!

20 април, 2020
касилјас

На 1 мај 2019 година Икер Касиљас доживеа срцев удар, па морал да оди на операција, а потоа одлучил да и стави крај на кариерата.

Легендарниот голман открил низ што сè минувал по срцевиот удар.

“По срцевиот удар, некои работи се менуваат засекогаш, особено во нашите глави. На секој момент почнуваме да му даваме поголема вредност и внимание. Почнав поинаку да гледам на животот бидејќи некогаш не го цениме она што го имаме и не веруваме дека можеме да усреќиме други луѓе”, изјавил Касиљас во разговор за клупскиот сајт Порта, клуб во кој сега работи како тренер на голмани.

“По срцевиот удар цел месец се плашев да одам, да спијам и да правам било каков физички напор. Беше многу тешко и се чувствував многу тажно. Но, сега е поинаку и сега сум добро. Ги слушам лекарите и само тие можат да ми кажат што можам, а што не можам”, открил 38 годишниот Касиљас.