Сега ПРОТЕСТ и од страна на припадниците на полицијата во САД. Се “распаднал” цел SWAT тим во Њујорк, заради суспензија на двајца специјалци

6 јуни, 2020
protest

Сите 57 полицајци, припадници на специјалната тактичка единица во Бафало поднеле оставки во знак на протест поради суспендирањето на двајца нивни колеги кои се снимени како буткаат на земја 75 годишен демонстант, пренесуваат локалните медиуми.

Тие во четвртокот го удриле демонстрантот со палка по глава и го собориле на земја, а за целиот инциндент има и видео запис по што обајцата биле суспендирани и поведена е истрага и можат да одговараат кривично.

Локалниот полициски потпарол рекол дека тие само си ја работеле својата работа и дека нивните колеги во знак на протест поради нивните суспензии, поднеле оставки во истиот момент, пренесува Ројтерс.