Што е тоа што ги тера Швајцарците и Данците да одат во Шведска за време на епидемија?

19 април, 2020
frizer 2

Шведската влада во четвртокот ја продолжи забраната за влез во земјата до 15 мај, но мерката не се однесува на земјите од ЕУ, Велика Британија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Швајцарија.

Шведска, против епидемијата на корона вирусот се бори на уникатен начин, и додека животот во другите европски земји е скоро целосно блокиран, во оваа скандинавска земја, работите се одвиваат прилично нормално. Рестораните се отворени, како и фризерските салони, и тие, верувале или не, привлекоа туристи.

На пример, вработена во фризерски салон во Стокхолм рече дека една клиентка пристигнала дури од Швајцарија. Авионскиот билет бил нешто помалку од 2.000 евра и го платила само за да ја офарба косата.

„Таа беше многу среќна затоа што можеше да се почасти“, рече фризерот.

И не е само што Стокхолм погоден на овој вид туризам. Веб-страницата aftonbladet.se тврди дека Данците доаѓаат во Малме за да ја поправат косата или да купат нешто. Пет фризерски салони го потврдија приливот на клиенти од Данска.