Што си е сигурно, сигурно си е :) Со снег против корона!

17 април, 20200
snezni-top

Сите средства се добри за борбата против „Ковид-19“, а една австриска компанија од вчера применува оригинална дезинфекција, со топови голем снег.

Идејата потекнува во подножјето на австриските Алпи, во планинскиот регион Тирол, каде што ДАКА, специјалист за депонирање на отпад, нуди нова услуга со помош на модифициран снежен топ.

ДАКА предлага снежниот топови, поврзни со пет помали испарувачи, да се користат за дезинфекција на други места каде постои ризик многу луѓе да бидат заразени со вирусот. Тоа би биле места како старечки домови, железнички станици, дури и аптеки.

Според прописите на австриската влада, секоја компанија која директно се занимава со јавноста на некој начин мора редовно да се дезинфицира.

Тирол, поради многуте скијачки центри, беше регионот на Австрија најмногу погоден од пандемијата, со околу 3.300 потврдени случаи. Во целата земја има нешто над 14.400 заболени.

Бројот на починати во Австрија во средата беше 410, додека пандемијата значително стивна, и оваа недела тие започнаа да ги олеснуваат ограничувањата кои беа воведени во март.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi