Што вели нашата крвна група за ризикот од заболување од некои болести и дали тоа влијае на новиот корона вирус?

13 април, 20200
krv

Постојат истражувања кои покажуваат дека крвната група може да влијае на ризикот од голем број на болести, од срцеви заболувања до некои карциноми, но студијата на кинеските научници поврзани со КОВИД-19, секако, привлекоа најголемо внимание. Со прилагодување на нашиот начин на живот, можеме да го намалиме ризикот од развој на некои болести, но колку може крвната група навистина да ни помогне во борбата со корона вирусот?

Крвна група е категоризација на крв според составот на антигенот во неа или Rh факторот. Антигени се вид протеини кои се наоѓаат на црвените крвни зрнца, а врз основа на видот на антигенот, крвта се класифицира во тип А, тип Б, тип АБ или тип 0.

Rh фактор е супстанција која исто така може да се најде на црвените крвни зрнца. Ако имате Rh фактор, вие се сметате за Rh позитивен, така што вашата крвна група ќе има знак ‘+’, и ако немате Rh фактор, ќе се сметате за Rh негативен и вашата крвна група ќе има знак ‘-‘.

Нашата крвна група ни ја пренесуваат родителите, но дури и ако двајцата имаат иста крвна група, не мора да значи дека ќе ја имате токму таа. Постојат бројни комбинации, но единственото нешто што навистина треба да го знаете со вашата крвна група е кој вид на крв имате во случај да мора да ја примите со трансфузија.

Срцев удар и срцеви заболувања

Од осумте крвни групи, луѓето со тип 0 се изложени на најмал ризик за срцеви заболувања. Луѓето со типови АБ и Б се изложени на најголем ризик, а причината е генот АБО – тој е единствениот што не е присутен во крвната група 0. Во области со високо ниво на загадување, луѓето со генот АБО се изложени на поголем ризик од срцев удар од луѓето кои го немаат овој ген .

Генот АБО може да го зголеми ризикот од корорнарна артериска болест, откриена студија на Харвард за јавно здравје, и ова зацврстување и стеснување на артериите може да доведе до срцев удар.

Покрај срцев удар, постои ризик од венска тромбоза. Крвните групи А, Б и АБ, во споредба со крвната група 0, имаат 60 до 80 проценти поголема веројатност да развијат опасно згрутчување на крвта што може да има фатални последици кога ќе влезат во белите дробови.

Некои студии ги поврзале крвните групи А, Б и АБ со потешко воспаление, што исто така може да ја објасни оваа врска.

Сепак, ако не припаѓате на крвната група 0 не значи дека вашата судбина го одредила срцевиот удар, но од вас зависи да го прилагодите вашиот животен стил на факторите на ризик поврзани со срцето, како што се дијабетесот и високиот крвен притисок. Избегнувајте многу загадени области и вежбајте во затворено. Преферирајте овошје, зеленчук, интегрални житарки, риби и ореви во вашата диета. Избегнувајте пушење, вежбајте редовно и не заборавајте редовен преглед од доктор за да може навреме да види какви било знаци на предупредување за проблеми со срцето.

Функции на мозокот и губење на меморијата

Научниците, генот AБO, исто така го поврзаа со функцијата на мозокот и губењето на меморијата, така што луѓето од крвните групи А, Б и АБ, во споредба со лицата од крвните групи 0, имаат 82 проценти поголема веројатност да развијат когнитивни и мемориски проблеми што можат да доведат до деменција.

Една можна причина за губење на меморијата е фактот дека крвната група може да доведе до висок крвен притисок, висок холестерол или дијабетес и овие состојби можат да предизвикаат когнитивно нарушување и деменција.

Треба да се запомни дека, за да се одржи когнитивната функција на мозокот, многу е корисно да се избегне висок стрес и да се има правилен одмор од седум до девет часа сон. Исто така треба редовна посета на вашиот лекар за да откриете рани знаци на деменција.

Рак

Некои студии откриле поголема изложеност на рак на желудник кај луѓе со крвни групи А и АБ, а луѓето со овие крвни групи, покрај оние со тип Б, имаат поголем ризик од рак на панкреасот.

Зголемувањето на ризикот од карцином е под влијание на многу фактори и е голем предизвик за научниците да се фокусираат на оние што треба да се сфатат посериозно. Сепак, повеќе студии индицираат дека луѓето со крвна група А се со најголем ризик да страдаат од рак на желудник.

Иако не постои начин да бидете сигурни дека ќе избегнете рак, постои начин да се намали ризикот од рак и тоа е генерално корисно за здравјето. Како и кај повеќето здравствени состојби поврзани со крвта се препорачува исхрана богата со овошје, зеленчук, интегрални житарки, риби и живина. Вежбањето и, се разбира, избегнувањето на пушењето исто така ќе помогне.

Дијабетес

Во студијата во 2015 година објавена во списанието Диабетологиа, француските научници ги испитале здравствените податоци на повеќе од 82,000 жени и откриле поголема веројатност за развој на дијабетес тип 2 кај оние со крвна група А и Б, во споредба со крвната група 0.

Маларија

Луѓето со крвна група 0 се заштитени од најопасната форма на маларија предизвикана од Пласмодиум фалципарум, паразит што го носи комарецот. Покрај другите несакани дејства, овој паразит предизвикува создавање на црвени крвни клетки во капиларите, што резултира во сериозно оштетување на ткивата. Во потрага по причината за оваа вродена заштита, шведските научници проучувале специфичен протеин што го лачи овој паразит што предизвикува маларија и откриле дека тој поблизу се врзува за црвените крвни клетки од групата А, отколку на групата 0. Откритието е објавено во 2015 година во списанието „Нејчр Медисин“.

Стрес

Луѓето со крвна група А може да бидат повеќе изложени на стрес затоа што имаат зголемено ниво на кортизол, хормон на стрес во организмот.

KОВИД-19

Луѓето со крвна група А, според кинеските научници, може да бидат поподложни на вируси, а крвната група 0 може да биде позаштитена за нив. Студијата е спроведена во Вухан, град кој стана познат низ целиот свет како место за првите случаи на нова болест KОВИД-19 што го парализира целиот свет.

Објавено е на интернет но сè уште не е потврдено, а научниците испитувале крвни групи на 2173 лица дијагностицирани со КОВИД 19. Кај општата популација во регионот, групата А е со 31 процент, групата Б со 24 проценти, групата АБ девет проценти и групата 0 со 34 проценти. Кај луѓето заразени со вирус САРС-КоВ-2, крвната група А била 38 отсто, групата Б со 26 проценти, групата АБ со 10 проценти и групата 0 со 25 проценти.

Споредувајќи ги овие податоци, научниците заклучиле дека крвната група А, во споредба со другите крвни групи, има значително поголем ризик од заразување со КОВИД 19, додека крвната група 0 има значително помал ризик од оваа заразна болест.

Како здравствените работници ја толкуваат оваа студија?

Научниците предупредуваат на опасностите од толкувањето на оваа студија затоа што прилагодувањето на начинот на живот на крвните групи во тековни услови може да биде контрапродуктивно.

„Овие резултати во никој случај не треба да се користат за да се ублажат сериозните мерки на претпазливост што мора да ги следат сите, без оглед на крвната група“, вели д-р. Мери Кушман, професор по хематологија на Медицинскиот факултет во Ларнер, Универзитет во Вермонт.

„Луѓето на социјалните мрежи се прашуваат дали оние со крвна група 0 треба да бидат оние во семејството кои треба да купуваат. Во никој случај не сакаме луѓето да мислат дека се заштитени со крвната група и дека не треба да преземаат мерки на претпазливост затоа што припаѓаат на крвната група 0”, изјавил Др. Кушман.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *