СЛУШНЕТЕ ГО МИСТЕРИОЗНИОТ ЗВУК ШТО ГО ДАВА МОСТОТ ВО САН ФРАНЦИСКО (видео) Се слуша и на раздалеченост од 5км!

9 јуни, 20200
most

Морничав звук почнал да се шири низ американскиот град Сан Франциско по обновувањето на еден од неговите симболи, познатиот мост Голден Гејт.

Жителите на Сан Франциско започнаа да споделуваат на социјалните медиуми чуден и како што опишаа, плашлив звук кој се шири низ градот, а многумина напишаа дека може да се слушне на оддалеченост од скоро пет километри.

Според локалното население, звукот се шири од правец на заливот Сан Франциско и дека е забележан по работата на познатиот мост Голден Гејт.

Комуналната служба СФ 311 изјави дека веројатна причина за необичниот звук е инсталирањето на нови делови на велосипедската патека на мостот, повикувајќи се на полицијата.

Националната хидрометеоролошка служба во Сан Франциско објави дека се регистрирани силни ветрови во моментот кога се слушнал звукот.

Локалната станица KQED извести дека делови од мостот биле поставени како неопходен дел од долгорочните напори да се направи 83 години стар мост повеќе аеродинамичен и да се обезбеди нејзината структурна јачина.

Како што додале, слична можност за појава на необичен звук е забележана за време на тестирањето во воздушниот тунел, а како што изјавиле мештаните на социјалните мрежи, мостот Голден Гејт бил претворен во гигантски музички инструмент, можеби најголемиот во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *