Сопругата на Џастин Бибер: „Ги молев родителите да ја спречат нашата венчавка“

29 јануари, 20200
profimedia-0495176199

Откако минатиот септември по втор пат кажаа „да“, 25-годишниот пејач Џастин Бибер и 23-годишната сопруга, манекенката Хејли Болдвин, уште повеќе ја зголеми љубопитноста кај јавноста со својата врска. Дека бракот на младата двојка не е совршен, и самите тоа не го криеја, а сега манекенката откри дека таа се сомневала во нејзината одлука пред да влезе во бракот.

Имено, во новата видео серија на Џастин на YouTube, Хејли изјави дека ги замолила своите родители да ја спречат венчавката. „Се сеќавам дека ги повикав моите родители кога решивме да се земеме и им реков дека треба да ме спречат да се омажам ако сметаат дека тоа е лоша идеја“, признала 23-годишната девојка, откривајќи како реагирале нејзините родители.

„Знаев дека во моето срце, ова е тоа што го сакав, но ми требаа родителите да ми кажат да размислам повторно, да вдишам длабоко и да преспијам. Сепак, нивната реакција беше токму спротивното. Ми кажаа дека навистина верувале дека е судено јас и Џастин да бидеме заедно и ме поддржуваат во оваа одлука“, откри сопругата на младиот пејач, која за прв пат го кажа „судбоносно да“ на тајната свадба во септември 2018 година, по што, една година подоцна, го повторија истото пред 150 гости.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi