СРАМОТА: Бараат 1000 долари за ,,лековита” крв и плунка од излечен пациент од корона вирусот!

21 април, 2020
haker-hakovanje-kompjuter-covek-s-kapuljacom-sajber-kriminal-2-620x350

Сајбер криминалците се неуморни и на секој начин гледаат да профитираат во време на оваа ужасна пандемија.

Корона вирусот предизвика голем страв кај населението ширум светот, а тој страв ја отвора вратата за криминалните банди, кои сега почнаа да тргуваат со крв од излечени луѓе од корона.

На Darknet, онлајн платформа која се користи за нелегален бизнис, се појави необична понуда од страна на една личност. Тој тврди дека бил заразен со корона вирус и сега продава крв и плунка.

Дополнително бара 1.000 американски долари за да се проба неговата крв, тврдејќи дека крвта и плунката од излекуваните пациенти содржат антитела против вирусот и ќе им помогнат на пациентите да ги создадат и тие самите. Тој исто така изјави дека неговото семејство ќе живее од овие приходи.