Тајниот план на Хитлер! Нацистите подготвувале холокауст за Словените! Ова се деталите од морничавото сценарио!

20 април, 2020
хитлер

Нацистичкиот план “Ост” предвидувал уништување и преселба на неколку милиони луѓе- тоа всушност бил холокауст за Словените, вели експерт на Руското воено историско друштво, Никита Буранов.

“За постоењето на генералниот план ОСТ сведочат историски документи. Тоа всушност бил холокауст за Словените. Хитлер планирал да уништи милиони луѓе, а кон тоа прашање пристапил со германска педантност и прагматизам. На пример, ги пресметале трошоците на таа програма- процениле дека уништувањето на словенските народи чинело 100 милијарди рајх марки”, изјавил Буранов.

Според неговите зборови, документот кој би можел да се нарече генерален план на “Ост” денес не постои, зашто немало конечна верзија- постоеле неколку проекти кои постојано се менувале.

“Неколку документи се зачувани, тие сведочат за целите и задачите на нацистите во Источна Европа. Тоа се коментари и предлози за генералниот план на Ост. Тоа беше голема програма за уништување и преселба на цели народи, кој е напишан на ист начин како Majn Kampf. Тие недвосмислено сведочат за тоа дека нацистичките водачи борбата против СССР ја сметале пред сè како војна против словенските народи”, објаснил експертот.

Тој потсети дека постојат шест делови од различни документи кои се однесуваат на планот ОСТ, а кои се достапни за анализа.

Првите два документа се подготвени во раните 1940 години и се однесуваат на Полска, која планирале да ја колонизираат, а да ги протераат Полјаците. Останатите четири документи се однесуваат директно на Советскиот Сојуз. Во нив се појавува формулацијата “генерален план на Ост”.

“Во последните четири документи јасно е формулиран планот за уништување на населението на Советскиот Сојуз. Планирано е протерување на населението и масовно иселување. Притоа, не треба да ве мами терминот иселување, што всушност била нацистичка формулација за уништување на луѓе. Во многу германски документи постои таква одредница, на пример кога се зборува за концентрационите логори”, изјавил Буранов.

Експертот потсетува дека проектот го разработувал еден од најмоќните луѓе на Третиот рајх, командант на германскиот Шуцштафел и Гестапо, Хајнрих Химлер. Во составувањето на документите учествувал и политичарот Ерхард Вецел и професорот Конрад Мејер Хетлинг, кои го развиле планот.

“Проучувајќи ги овие извештаи сфаќате со колкава циничност Германците мирно размислувале и планирале да убијат милиони луѓе”.

Историчарот истакнува дека за германизација на населението биле предвидени 25-30 години. Според планот било предвидено унишување и депортирање на 80-85 проценти од населението на Полска, 85 проценти од Литванија, 65 проценти од Западна Украина, 75 проценти од Русија и по 50 проценти од жителите на Летонија, Естонија и Чешка.