“ТАТКО МИ ЈА ПОТРОШИ ЦЕЛАТА ПЛАТА ЗА ДА МИ КУПИ КАРТА ЗА САД”- изјави ПРВИОТ ЧОВЕК НА ГУГЛ! КОЈ Е ВСУШНОСТ СУНДАР ПИЧАЛ?

9 јуни, 2020
google

Среде пандемијата на вирусот корона, извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, испрати важна порака до матурантите: „Бидете отворени, продорни, полн со надеж“.

За време на виртуелната церемонија на Youtube „ Dear Class of 2020“, тој се потсети на неговите скромни почетоци, растењето во Индија и истакна дека најважно е да останете позитивни и во тешки времиња.

– Татко ми ја потроши речиси целата своја годишна плата за да ми купи авионски билет за САД, односно да можам да одам во Стенфорд. Ова беше прв пат кога летав авион, а Америка беше прескапа – вели Пичаи, кој денес има 47 години.

Тој понатаму изјавува дека една минута телефонски повик чинела 2 долари, а еден ранец вредел колку и месечната плата на неговиот татко.

Пичаи исто така направи споредба помеѓу тоа како пораснал со многу малку пристап до технологија и како неговите деца сега имаат пристап до „компјутери од сите облици и големини“.

– Немавме телефон се додека не наполнив 10 години. Јас дури и немав редовен пристап до компјутер сè додека не дојдов во Америка да учам. И кога конечно го купивме телевизорот, имавме само еден канал – вели тој.