Која држава во светот, а не е од Западната цивилизација, тестовите за корона ги пренесува со дронови? Нема да верувате

20 април, 20200
dron

За да се забрза и подобри ефикасноста на тестирањето на населението за вирусот корона, некои земји користат креативни начини за пренесување на тестовите на граѓаните, користејќи ДРОН!

Гана користи беспилотни летала од американската компанија Зиплајн за транспорт на примероци од тестови за вирусот корона, со цел да тестира што е можно повеќе луѓе надвор од поголемите градови, соопшти компанијата.

Државата има 834 потврдени случаи заболени со корорна вирус и 9 починати, пренесува Ројтерс.

Зиплајн го изведе првиот ваков лет на 1 април и сега планира да пренесе примероци собрани од повеќе од 1.000 рурални здравствени установи во лабораториите на главниот град Акра и вториот по големина град Кумаси.

„Користењето бесконтактни беспилотни летала за испорака на примероци за тестирање на вирусот корона, ќе и овозможи на владата да одговори на пандемијата и побрзо да спаси животи“, вели Келер Ринаудо, шеф на Зиплајн.

До 15 април, здравствениот систем на Гана тестирал 57.000 примероци.

Зиплајн, кој веќе управува со флота беспилотни летала во руралните области на Гана и Руанда, каде што снабдува крв, вакцини и друга медицинска опрема во тие области, работи со Министерството за здравство за да пренесе примероци од тестови на вирусот корона.

Компанијата изјави дека употребата на беспилотни летала го намалило времето на испорака за неколку часа, додека камионот морал да патува на локални патишта за да ги собере сите примероци од сите болници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi