Тие беа толку, толку среќни! Вдовицата на Коби го „отклучи“ својот Инстаграм профил и милиони луѓе низ целиот свет не можат да ги задржат солзите!
Сопругата на славниот кошаркар со години го користеше својот Инстаграм профил затворен за јавноста, но сега го „отклучи“ за да им се заблагодари на обожавателите на починатиот сопруг за нивната поддршка во тешките времиња.
Ванеса Брајант, која ги помина најубавите 20 години со еден од најдобрите кошаркари во историјата на спортот Коби Брајант, го доживеа најлошиот кошмар – во еден ден ги загуби сопругот и ќерката Џана. Како што откриваат блиски извори на семејството Брајант, вдовицата на легендарниот Коби едвај може да се справи со трагичната загуба, но успеа да им се заблагодари на милиони луѓе ширум светот кои им испраќаат поддршка на неа и нејзините ќерки.
Затоа Ванеса реши да го направи својот Инстаграм профил достапен за јавноста, иако со години беше „заклучен“: Нема зборови што можат да ја опишат болката.
Ви претставуваме неколку топли моменти од домот на семејството Брајант, кои сведочат за неизмерната среќа што ја уживаше покојниот Коби со своите дами.