Трамп се обидува да ги сочува работните места, но не и во својот клуб. Еве колку вработени отпуштил! (видео)

22 април, 20200
naslovna

Приватниот клуб Мар-а-Лаго со седиште во Флорида, во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп, привремено отпушта 153 работници поради епидемија со корона вирус, се вели во известувањето објавено оваа недела на државната веб-страница.

Директорката за човечки ресурси на клубот, Џанин Гил, во писмото до државните и локалните власти напишала дека Мар-а-Лаго минатиот месец започнал да ја откажува работата заради задолжително затварање, издадено во округот Палм Бич, како одговор на ширењето на вирусот во Јужна Флорида, јавува АП.

Отпуштањата се привремени, но клубот не знае кога ќе продолжи со редовно работење, рече Гил.

Оваа одлука влијаеше на бармени, готвачи, мијачи на садови, возачи, келнери и хостеси. Работниците не се во синдикатот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi