Трамп воведе санкции кон сите што учествуваат во истрагата на Хашкиот Трибунал, за наводните злосторства направени од Американската војска во Авганистан

12 јуни, 2020
tramp

Американскиот претседател Доналд Трмп издал претседателска наредба со која се дозволува воведување на санкции на поединци кои се вклучени во истрагата на Меѓународниот кривичен суд во Хаг за можни злосторства кои ги правеле американските сили во Авганистан.

Висок службеник од администрацијата на Трамп кратко изјавил дека истрагата на Меѓународниот кривичен суд турка една организација со сомнителен кредибилитет, притоа обвинувајќи ја Русија за учество во таа истрага.

Извршната наредба на претседателот му дава овластување на државниот секретар Мајк Помпео во договор со министерот за финансии Стив Мунчин да ги блокира сметките во САД на службениците на МКС кои се вклучени во истрагата за американските злосторници во Авганистан, како и да им се забрани влез во Америка на тие луѓе.

Откако обвинителството во Хаг соопштило дека постои оправдано сомневање дека во Авганистан се направени воени злосторства, МКС донело одлука во 2017 година дека заклучокот на обвинителството му подлежи на надлежниот суд.

Освен злосторствата кои ги направиле припадниците на талибанците и власта во Кабул, судот наредил истрага и за мачењето на затворениците од страна на американските сили и ЦИА во Авганистан.