Украдена слика на Ван Гог вредна шест милиони евра!

7 април, 20200
слика ван гог

И додека светот го минува времето во своите домови заради загриженост од пандемијата на коронавирус, група криминалци се впуштиле во кражба на слика на Ван Гог…

Станува збор за неодамнешната кражба која се одиграла во музејот Сингер Ларен во близина на Амстердам, каде е украдена сликата стара 163 годинини, која го носи и потписот на уметникот.

Овој чин ги згрозил претставниците на музејот, јавноста, но и полицијата.

Во понеделникот на 30 март криминалците влегле низа стаклената врата на музејот, а потоа ја земале сликата која е проценета на 6 милиони евра. Наречена Pasonage Garden at Neunen in Spring, славната слика потекнува од 1884 година и преубаво ја доловува пролетната бавча на црквата во градот. Сликата е украдена среде полициски час кој е прогласен заради пандемијата од коронавирус, иако биле активирани алармите по протокол.

Директорот на музејот Јан Рудолф де Лорн во врска со грабежот изјавил:”Оваа преубава и емотивна слика на еден од нашите најдобри уметници е украдена и одземена од заедницата. Тоа е многу лошо за музејот, но најлошо е за сите нас, бидејќи уметноста постои за да се гледа и дели, да дава инспирација и утеха, посебно во овие тешки и мрачни времиња”.

Холандската полиција е во потрага по крадците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi