УЖАС во Бруклин: Албански емигрант убил полицаец со нож во вратот. Што се случува во САД?

4 јуни, 20200
usa

Се наведува дека напаѓачот е 20-годишен албански имигрант Џенан Камовиќ, кој, наводно, имал врски со терористи.

Полициски службеник бил нападнат синоќа во областа Бруклин во Њујор, прободен е во вратот додека патролирал по улиците со задача да спречи грабежи во продавници. Според неофицијални податоци, тој бил убоден од албански имигрант.

Камовиќ со нож прободел полицаец во вратот, а потоа му го украл пиштолот. Двајца полицајци се повредени во инцидентот кој заврши така што напаѓачот е убиен од страна на полицијата.

Нападот во Бруклин се случил пред полноќ, за време на полицискиот час воведен поради неколкудневните протести поради бруталното полициско убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Според зборовите на комесарот на полицијата во Њујорк, Дермот Ша, тројца полицајци биле згрижени во болницата и животот не им бил загрозен, додека напаѓачот на полицискиот службеник бил хоспитализиран со неколку рани од огнено оружје и е во сериозна состојба.

Тој нападот врз полицаецот го нарече кукавички, грд и непровоциран, но истакна дека поради анти-полициската реторика за време на уличните протести, овој чин на агресија не го изненадил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi