Вест која го ТРЕСЕ СВЕТОТ: Порно глумец убил пријател со жабји отров

4 јуни, 20200
zaba

Добро познатиот шпански порно глумец Начо Видал (46) е уапсен под сомнение дека го убил модниот фотограф Хозе Луис Абад за време на еден од неговите ритуали со отров од жаба.

Ритуалот на англиски јазик се нарекува toad-venom ritual, што буквално значи ритуал со жабји отров. По 11 месеци истрага, Начо минатата недела е сослушан од полицијата поради сомневања дека тој имал врска со смртта на модниот фотограф во јули 2019 година.

– Полициската истрага започнува по смртта на жртвата за време на одбележувањето на мистичниот ритуал, што се заснова на вдишување на отровот на жабата алфариус – се наведува во полициското соопштение.

Адвокатот на филмската везда за возрасни, кој во својата кариера има направено повеќе од 1.500 порно филмови, вели дека „неговиот клиент го смета за невин“, опишувајќи ја ситуацијата како несреќна околност.

Овој редок вид жаба, со потекло од пустината Соноран, лачи отров кој содржи многу моќна природна психоделична супстанција позната како 5-MeO-DMT.

Покрај Видал, полицијата го уапсила неговиот братучед и еден од вработените под сомнение дека извршиле убиство и влијаат врз јавното здравство.

Инспекторите откриле дека ваквите ритуали што го практикувал уапсениот актер биле редовно организирани во неговиот дом, со цел да се обезбедат лековити средства. Но, овој навидум „безопасен ритуал“ предизвика сериозен ризик по здравјето, затоа што ги „вовлекува“ луѓето кои се лесно подводливи, ранливи или кои бараат помош во алтернативна медицина заради болест или зависност.

Локалните медиуми пишуваат дека церемонијата се одржала во резиденцијата на актерот.

Видал е приведен во Шпанија и истрагата е во тек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *