Во Јапонија е ограбен музејот на еден од главните нинџа кланови: Крадците однеле сеф со тежина од 150 килограми

21 август, 20200
nindza

Во Јапонија е ограбен Музеј на нинџа кланот Ига, а крадците украле повеќе од еден милион јени (8000 евра).

Музејот Ига-риу Нинџа во централна Јапонија е посветен на историјата на познатиот клан Ига-нинџа, пренесува Би-Би-Си.

Полицијата била повикана откако во понеделникот се активирал алармот, објави денеска музејот.

Полицајците откриле дека вратата на канцеларијата е скршена и дека е исчезнат сеф со тежина од 150 килограми.

Според музејот во сефот имало пари од билети од околу 1100 луѓе.

Популарната туристичка атракција им овозможува на посетителите да го видат и пробаат нинџа оружјето и да гледаат претстави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *