Вреќички МАРИХУАНА паѓаа од небото

4 септември, 2020
profimedia-0555981281-660x450

Израелците, кои се најдоа на плоштадот Рабин во Тел Авив во четвртокот, кога над нив леташе дрон, беа малку изненадени кога вреќички со канабис паднаа од небото пред нивните нозе.

Видеото објавено на „Телеграм“ покажува дека беспилотно летало испушта мали вреќиќки на плоштадот, а случаен минувач се наведнува, зема две пакетчиња и вели: „Навистина е канабис. Чудно. Ќе провериме “.

Групата „Зелен дрон“ се залага за легализација на марихуаната.

На „Телеграм“, групата ја претстави својата акција вака: „Дали е тоа птица? Или авион? Не, тоа е Зелениот дрон. Делиме канабис од рајот, бесплатно“.

Името на групата и слоганот „слободна љубов“ се напишани на секој пакет.

Полицијата не е воодушевена од акцијата. Пакетите би можеле да завршат во рацете на децата, бидејќи неколку од нив паднаа на детските игралишта, соопшти полицијата и уапси двајца осомничени на возраст од околу триесет години, кои наводно управувале со дронот и дистрибуирале вреќички од небото.

Во 2018 година, Израел го декриминализира канабисот со закон за првите три пати кога едно лице беше фатено со количина за лична употреба. Но, ако го фатат по четврти пат, се отвора кривична постапка.