WooW: ДУРИ 57% ОД ЖИТЕЛИТЕ НА БЕРГАМО ПРЕЛЕЖАЛЕ КОРОНА

9 јуни, 20200
italija

Повеќе од половина од тестираните жители во северната италијанска провинција Бергамо имаат антитела на ковид-19, соопштија здравствените власти.

Од 9.965 жители кои биле тестирани помеѓу 23 април и 3 јуни, 57 проценти развиле антитела што значи дека биле во контакт со коронавирусот, покажало истражувањето чии резултати биле објавени во понеделникот.

Здравствените власти во Бергамо соопштија дека резултатите се засноваат на „случаен“ примерок кој е „доволно широк“ за да биде сигурен показател за тоа колку луѓе се заразени во покраината, што беше жариште на епидемијата во Италија.

Во посебна изјава, објавена подоцна, здравствените власти во Бергамо наведуваат дека повеќето од жителите кои биле тестирани се од најпогодените подрачја.

Антителата биле откриени кај нешто повеќе од 30% од 10.404 здравствени работници, иако се смета дека се позагрозени од другите луѓе.

568 проценти поголема смртност

Во извештајот објавен на почетокот на мај, Националниот институт за статистика ИСТАТ соопшти дека бројот на загинати во градот Бергамо е поголем за 568 проценти во март во однос на просекот од 2015 до 2019 година.

Болници беа преплавени со заразени, а мртовечниците повеќе немаа капацитети да ги примат мртвите, па така конвои од воени камиони ги превезуваа мртвите, што стана застрашувачки симбол за глобалната пандемија.

Во провинцијата Бергамо забележани се 13.609 случаи на коронавирус, според официјалните податоци од понеделникот.

Во Италија скоро 34.000 луѓе починаа од коронавирусот, а потврдени се и околу 235.000 случаи на инфекција. Регионот Ломбардија, кој го вклучува Бергамо, забележа повеќе од 16.000 смртни случаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi