За некои вирус, за некои маќеа- Безос заработил 24 милијарди долари од почетокот на пандемијата!

16 април, 20200
bez

Директорот на Амазон, Џеф Безос од почетокот на пандемијата со коронавирус го зголемил своето богатство за 24 милијарди долари.

Цените на акциите на Амазон пораснале за 5,3 проценти од почетокот на пандемијата и во вторникот го достигнале историскиот максимум.

Тоа е последица на огромната побарувачка која од почетокот на пандемијата го достигнала максималното ниво за време на Велигденските празници.

Се појавиле информации дека голем број на работници се оптеретени со многу работа и дека оние кои работат во магацините се под посебен ризик затоа што се во контакт со луѓе.

Амазон вработил дополнителни 100 илјади работници, но трошоците за платите не се ни близу до приходите кои ги остварила компанијата.

Од 2017 година Безос е најбогатиот човек на светот, а заработувачката од 24 милијарди долари за еден месец само ќе го зацврсти на пиедесталот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi