За нив нема зима: Мелинда и Бил Гејтс купиле вила за 43 милиони долари!

26 април, 2020
бил гејтс

И додека сите светски економии предвидуваат голема криза, за Мелинда и Бил Гејтс нема зима!

Парот тоа го докажал со тоа што среде криза потрошил 43 милиони долари за нова вила во елитната населба Дел Мар во Калифорнија.

Се работи за еден од најскапите имоти во ова ексклузивно место.

Раскошната резиденција освен со стандардните простории може да се пофали и со зелена куќа, спа центар, домашно кино, стаклен базен, џакузи за десет лица, тениски терен, како и две гостински куќи.