За три месеци 44 милиони луѓе ги загубија своите работни места во земјата, додека богатите се во плус 637 милијарди долари

13 јуни, 20200
rabota

САД има 623 милијардери, на кои очигледно им се „погоди“ карантинот

Во текот на изминатите три месеци од пандемијата, американските милијардери продолжија да го зголемуваат своето богатство, додека од друга страна, порасна бројот на поднесени барања за паричен надоместок заснован на невработеноста, се вели во новиот извештај на аналитичкиот центар ИПС.

Според Бизнис Инсајдер, помеѓу 18 март и 11 јуни вкупното богатство на американски милијардери се зголемило за 637 милијарди долари, од 2,95 билиони на 3,58 билиони – што е пораст од 21,5 проценти.

Нивното вкупно богатство скокна за 72 милијарди долари само оваа недела. Во истиот период, во траење од 12 недели, повеќе од 44 милиони американски работници поднеле барање за паричен надоместок затоа што ги загубиле работните места, а во изминатата недела биле поднесени 1,5 милиони побарувања.

Во својот годишен извештај, објавен на 7 април, Форбс објави дека вкупното богатство на американски милијардери е намалено во однос на 2019 година. Сепак, IPS рече дека тие загуби биле компензирани во рок од неколку недели.

Според „Форбс“, во САД живеат 623 милијардери, вклучувајќи ги и Џеф Безос, Бил Гејтс, Марк Закерберг, Ворен Бафет и Лери Елисон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi