Запленети 5 тони кокаин во Колумбија, скриени на досега невиден начин!

12 јуни, 20200
kolumbija

Колумбиската полиција заплени 4,7 тони кокаин скриени во вреќи воа два контејнери чија крајна дестинација беше Турција.

Во 1.733 вреќи, дрогата се криела во гранулите од гума, а дека нешто е сомнително на полицијата им сигнализирало кучето Дора.

Кокаин се помешан со гранули

Првите тестови за дрога беа негативни, меѓутоа, како што објасни полицискиот директор Хорхе Луис Рамирез, пронајдена супстанција е испратена на второ тестирање.

– Првиот сигнал дека нешто се случува, ни го даде нашето куче Дора, која е обучена да детектира наркотици. Иако првиот прелиминарен тест покажа дека во мешавината нема дрога, сепак беше решено дел од примероците да бидат испратени на тестирање во лабораторија во Кали. Таму беше утврдено дека станува збор за кокаин – објасни тој. Дрогата беше ставена во 1.733 торби кои веќе беа подготвени за транспорт во Турција.

Овој начин на криење на дрога, пишува порталот „El Tiempo“, бара ангажман на многу професионален хемичар, кој успеал да измеша гума и кокаин за да ги измами и полициските тестови. Затоа истрагата сега е насочена кон пронаоѓање на организаторот на пратката и сопственикот на наркотикот.

Некои соседни медиуми изјавија дека кокаинот бил наменет за балканскиот пазар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi