Запленети два тони кокаин сокриени во банани. Чим се банани во прашање “знаат дека се од Балканов нарачани”

7 јуни, 20200
kokain

Холандската полиција во пристаништето во Ротердам запленила над два тони кокаин, кои биле сокриени во контејнер со банани од Еквадор.

Запленето е 2.020 килограми кокаин, чија вредност се проценува над 151 милиони евра, соопштиле властите. Дрогата е пронајдена во пратките банани од Еквадор, кои биле наменети за унгарска компанија, соопштило обвинителството.

Во соопштението е напоменето дека таа компанија веројатно нема врска со шверцот на дрога.

Службениците на царинската управа на пристаништето во Ротердам минатата година заплениле вкупно 38 тони кокаин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi