Зошто Чешка ПРОТЕРА два Руски дипломата од Прага!? Има причина

6 јуни, 20200
ceska

Властите на Чешката Република протераа двајца руски дипломати, по тврдењето дека рускиот агент донел рицин во оваа земја. Русија го оцени протерувањето како непријателски потег и најави контрамерки.

Чешкиот премиер Андреј Бабиќ рече дека целата приказна за рицинот е „измислена“ и дека станува збор за внатрешна пресметка помеѓу две струи во рамките на руската амбасада во Прага и дека двајцата дипломати се прогласени за непожелни лица.

Аферата избувна откако рускиот магазин „Респект“ објави приказна во акција на руските агенти кои донесоа рицин во Чешка, со цел да се организира труење на неколкумина опозициски политичари.

Чешките власти ги отфрлија информациите како неточни и ги протераа руските дипломати.

„Според информациите што ми ги достави разузнавачката служба. Јасно е дека целиот случај е производ на внатрешни конфликти во амбасадата на Руската Федерација во Прага“, рече чешкиот премиер.

Бабиш исто така изјави дека оваа афера непотребно ги оптоварува односите меѓу Чешка и Русија и му нанесува штета на угледот на Русија.

Русија исто така ја демантира објавата во магазинот, но најави одговор на протерувањето на дипломатите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi