Зошто се смета дека повеќето деца ќе имаат Ковид-19 и ќе го пренесуваат без да знаат?

23 април, 2020
дете

Во Америка, од вкупниот број на заразени со Ковид-19, 1.7 проценти се деца под 18 години. Се поставува прашањето, дали родителите треба да бидат загрижени за здравјето на нивните деца?

Една педијатарка од Њујорк одговара: Не.

Таа смета дека дури 80% од децата имаат коронавирус. Повеќето од нив, веројатно 80, 90% се асимптоматски. Според докторката, смртноста кај децата е 0.5 проценти.

Докторката вели дека ова е добра вест бидејќи илјадници деца умираат од грип. Овој вирус е многу помалку вирулентен за нив.

Лошите вести се дека децата се асимптоматски носители и на тој начин го шират вирусот.

За среќа, социјалната дистанца се покажала како ефикасна метода за спречување на ширењето на вирусот.

Доколку се појават симптоми кај детето, треба да се изолира на 14 дена. Но и да нема симптоми, треба да се применува социјалната дистанца. Докторката исто така препорачува сите деца над 2 години да носат маски кога излегуваат надвор.