Зошто корона вирусот е посмртоносен во Европа отколку во Америка?

22 април, 20200
корона

Корона вирусот мутирал во најмалку 30 различни видови!

Истражувачите од универзитетот Zhejiang откриле дека корона вирусот мутирал во најмалку 30 различни видови, пренесува Mirror.

До денес, во светот се пријавени повеќе од 2,4 милиони случаи на вирусната болест, а новите истражувања покажуваат дека вирусот кој владее во Европа е многу посмртоносен од оној што постои во Америка.

Откриено е дека видовите во Кина и во Европа се меѓу најопасните, додека оние во САД се поблаги, пренесува South China Morning Post.

Истражувачите анализирале вирусни соеви кај 11 пациенти со вирус на корона, тестирајќи колку ефикасно може вирусот да зарази и да убие човечки клетки.

Резултатите покажале дека некои од најсмртоносните мутации биле пронајдени во Zhejiang, а овие видови биле пронајдени и во Шпанија, Италија и Нујорк.

Загрижувачки е што овие видови создадоа до 270 пати поголема количина на вируси во споредба со послабите видови.

Во меѓувреме, најблагите видови се пронајдени во САД, вклучувајќи го и Вашингтон.

Во студијата објавена во medRxiv, истражувачите, предводени од Хагпинг Јаоа, напишале дека забележаните мутации собрани ширум светот може значително да влијаат на патогеноста на вирусот корона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *