СЗО загрижена поради се поголемиот број на луѓе заразени со корона вирус во светот

30 мај, 20200
korona

Сè уште има неколку жаришта на вирусот ширум светот кои предизвикуваат загриженост, рече високиот функционер на Светската здравствена организација (СЗО), д-р Марија Ван Керхов.

СЗО внимателно ги следи големите зголемувања на бројот на заболени од корона вирус во Русија, Африка, САД, некои земји во Јужна Азија и некои земји во Европа, рече д-р Ван Керхов.

„Ова се области што нè загрижуваат, затоа што, како што сите знаеме, кога ќе се појави можност овој вирус навистина да се шири, тој може да расте многу, многу, брзо“, рече д-р Ван Керхов, додавајќи:

„Веќе имавме можност да видиме како овој вирус влијае на ранливото население и тоа најмногу не загрижува“.

Лекарот истакна дека се надева дека вакцината ќе биде готова за употреба до крајот на годината, но тоа ќе се случи само доколку сè оди како што треба. Научниците секојдневно работат на повеќе од 100 кандидати за вакцини, изјави д-р Ван Керчов. Постои голема загриженост кај луѓето дека забрзаната работа на вакцината може да ја загрози безбедноста или ефикасноста на самата вакцина, но нема потреба од ваков вид грижа. Забрзаното темпо нема да влијае на безбедноста на вакцината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *